Лука 11:39-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. а Господ му рече: „Да, вие фарисеите ги миете однадвор чашите и садовите, а однатре сте полни со лакомство и лошотија!

40. Безумници! Зар Оној што ја создал надворешноста не ја создал и внатрешноста?

41. Разделете им го на сиромашните тоа што е внатре, па сe ќе ви биде чисто!

42. Тешко вам, фарисеи, кои давате десеток дури и од нане, од седеф и од секакви билки, а ги запоставувате правдата и љубовта спрема Бог! Треба во прв ред да го правите тоа што го запоставивте, а дури потоа и останатото.

Лука 11