Лука 11:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Ако Јас изгонувам демонски духови со помош на Баалзибул, тогаш, кажете ми, со чија помош ги изгонуваат оние што го прават тоа од вашиот сопствен род? Затоа тие ќе ви судат!

20. Ако, пак, Јас изгонувам демони со помош на Божјата сила, тогаш тоа е доказ дека Божјото царство е дојдено кај вас!

21. Кога силниот, целосно вооружен, го чува својот дом, имотот му е безбеден.

22. Но, кога некој посилен од него ќе го нападне и совлада, тој му го одзема оружјето во кое се надевал и му го зема пленот.

23. Кој не е со Мене - тој е против Мене! Кој со Мене не собира - тој растура!“

Лука 11