10. Кога ќе стигнете во некој град каде што нема да ве примат, излезете на улиците и речете им:
11. ,Ви го истресуваме дури и правот од вашиот град, што ни се прилепил за нозете! Но, да знаете дека Божјото царство се доближи и до вас!‘
12. Ве уверувам дека на Судниот ден ќе му биде полесно на Содом, одошто на тој град!“
13. „Тешко тебе, Коразине! Тешко и тебе Бетцаидо! Да беа во градовите Тир и Сидон направени чудата што беа извршени кај вас, тие одамна ќе се беа покајале, облекувајќи се во покајнички облеки и посипувајќи се со пепел!
14. Но полесно ќе минат Тир и Сидон на Судниот ден одошто вие!
15. А ти, граде Кафарнауме, што се креваш на високо, дури до небото - ќе се струполиш до адот!
16. Исус им рече на Своите ученици: „Оној што вас ве слуша - Мене Ме слуша. Оној што вас ве отфрла - Мене Ме отфрла; а оној што Мене Ме отфрла - Го отфрла Бога, зашто Тој Ме испрати!“
17. Седумдесеттемина се вратија радосни, велејќи: „Господе, преку Твоето име нам ни се покоруваат и демонските духови!“