Лука 1:75-80 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

75. за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.

76. А ти, сине мој, ќе бидеш наречен пророк на Севишниот. Ќе Му бидеш претходница на Господ и ќе Му го подготвиш патот,

77. објаснувајќи им го на луѓето спасението што доаѓа преку простување на гревовите,

78. благодарение на милосрдното срце на нашиот Бог, преку Кој ќе нe огрее Сонце од небото,

79. Кое ќе ги осветли сите што живеат во мракот на смртната сенка, и ќе ни ги насочи чекорите кон патот на мирот!“

80. Детето растеше и се развиваше духовно. Живееше во пустината сe до денот кога ја започна својата јавна мисија меѓу Израелците.

Лука 1