Лука 1:70-80 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

70. Како што одамна ни беше ветил, преку устите на Своите пророци,

71. дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,

72. дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.

73. Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам

74. дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,

75. за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.

76. А ти, сине мој, ќе бидеш наречен пророк на Севишниот. Ќе Му бидеш претходница на Господ и ќе Му го подготвиш патот,

77. објаснувајќи им го на луѓето спасението што доаѓа преку простување на гревовите,

78. благодарение на милосрдното срце на нашиот Бог, преку Кој ќе нe огрее Сонце од небото,

79. Кое ќе ги осветли сите што живеат во мракот на смртната сенка, и ќе ни ги насочи чекорите кон патот на мирот!“

80. Детето растеше и се развиваше духовно. Живееше во пустината сe до денот кога ја започна својата јавна мисија меѓу Израелците.

Лука 1