65. По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја.
66. Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.
67. Тогаш Захарија, таткото на Јован (Крстител), се исполни со Свет Дух и го изрече ова пророштво:
68. Слава нека Му е на Господ, Израеловиот Бог, Кој му дојде на помош на Својот народ и го избави!
69. Тој ни подигна моќен Избавител од потомците на Својот слуга Давид.
70. Како што одамна ни беше ветил, преку устите на Своите пророци,
71. дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,
72. дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.
73. Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам
74. дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,
75. за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.
76. А ти, сине мој, ќе бидеш наречен пророк на Севишниот. Ќе Му бидеш претходница на Господ и ќе Му го подготвиш патот,