Лука 1:61-66 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

61. Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“

62. Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето.

63. Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени.

64. Во истиот миг, му се врати говорот на Захарија и тој почна да Го слави Бога.

65. По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја.

66. Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.

Лука 1