Лука 1:58-64 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

58. Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

59. На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му.

60. Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“

61. Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“

62. Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето.

63. Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени.

64. Во истиот миг, му се врати говорот на Захарија и тој почна да Го слави Бога.

Лука 1