Лука 1:54-60 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

54. Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста

55. што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“

56. Марија остана кај Елисавета околу три месеци, а потоа се врати дома.

57. Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син.

58. Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

59. На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му.

60. Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“

Лука 1