27. кај една девица по име Марија која му беше свршеница на Јосиф, потомок на царот Давид.
28. Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“
29. Марија се исплаши кога ги чу овие зборови и почна да размислува за значењето на необичниот поздрав.
30. Ангелот и рече: „Не плаши се, Марија, Бог ти е благонаклонет!
31. Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус.
32. Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид.
33. Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков и Неговото царство ќе нема крај.“
34. Тогаш Марија му рече на ангелот: „Како ќе родам дете, кога јас сум девица!?“
35. Ангелот и одговори: „Преку Светиот Дух, Кој ќе слезе, ќе те исполни и силата на Севишниот ќе се спушти врз тебе. Затоа и Детето што ќе го родиш ќе биде свето и ќе биде наречено Божји Син.
36. Еве, и твојата роднина Елисавета забремени, иако е веќе во поодминати години. Ја нарекуваа неротка, а еве, таа е сега во шестиот месец на бременост,