Колосјаните 4:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.

6. Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.

7. Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене.

8. Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.

9. Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.

10. Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнаба. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.

Колосјаните 4