Колосјаните 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!

2. Посветете се на молитва, будно и со благодарност.

3. Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.

4. Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.

Колосјаните 4