Колосјаните 3:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.

5. Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!

6. Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.

7. Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.

Колосјаните 3