Колосјаните 3:4-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.

5. Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!

6. Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.

7. Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.

8. Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.

9. Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики,

10. па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.

11. Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни. Се што е важно е Христос да живее во сите нас!

Колосјаните 3