Колосјаните 3:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.

21. Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.

22. Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во се, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од се срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.

23. Се што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.

24. Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.

Колосјаните 3