1. Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.
2. Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.
3. Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог.
4. А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.
5. Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!
6. Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.
7. Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.
8. Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.