1. Сакам да знаете низ колкава агонија минувам заради вас, заради христијаните во Лаодикеја и заради сите други христијани што досега не ме имаат ни сретнато.
2. Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.
3. Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!
4. Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.
5. Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.
6. Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.
7. Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.