Колосјаните 1:27-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.

28. Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници.

29. Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.

Колосјаните 1