Колосјаните 1:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.

18. Христос е глава на Црквата, која е Негово тело. Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,

19. зашто Бог одбра во Него во целост да се всели Божјата природа

20. и преку Него да ги помири со Себе сите, било да се на Земјата, или на небото, воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.

21. Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело.

22. Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни.

Колосјаните 1