16. Тие се луѓе што негодуваат и постојано имаат поплаки, а се раководат само од сопствените телесни похоти. Постојано се фалат и им ласкаат на сите од кои можат да имаат некаква корист.
17. Но вие, драги пријатели, помнете го сето она на што ве поучуваа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.
18. Тие ви кажаа дека во последните времиња ќе има луѓе што ќе се подбиваат, ќе се раководат само од сопствените страсти и ќе прават безбожни нешта.