Јован 9:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Одејќи така, Исус виде еден човек, кој беше слеп од раѓање.

2. Неговите ученици Го запрашаа: „Учителе, зошто овој човек се родил слеп? Дали поради негов грев или поради грев на неговите родители?“

3. „Неговото слепило не е ни поради негов грев, ни поради грев на неговите родители“ - им одговори Исус. „Но поради неговото слепило, ќе се пројават Божјите дела над него.

4. Додека е ден, ние треба да го извршуваме тоа што од Мене го сака Оној што Ме испрати. Доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи.

5. Додека сум во светот, Јас сум Светлина за светот.“

Јован 9