Јован 8:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“

8. Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата.

9. Кога обвинителите го слушнаа тоа, еден по еден почнаа да си заминуваат, на чело со старешините, се додека не останаа само Исус и жената, која стоеше на средината.

10. Исус се исправи и ја праша: „Жено, каде се луѓето што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“

Јован 8