4. Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба.
5. Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“
6. Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата.
7. Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“
8. Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата.