Јован 8:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Тие не сфатија дека им зборува за небесниот Татко.

28. Исус продолжи: „Кога ќе Го подигнете Синот Човечки, тогаш ќе дознаете дека Јас Сум Тој што Сум и дека Сам од Себе ништо не правам, туку ги зборувам овие работи онака како што Ме упати Таткото.

29. Тој што Ме испрати е со Мене. Тој не Ме остава Сам, затоа што Јас секогаш постапувам онака како што Тој сака да постапувам.“

30. Додека го зборуваше ова, многумина поверуваа во Него.

31. Тогаш Исус им се обрати на Евреите кои поверуваа во Него: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење.

Јован 8