Јован 8:16-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. А, и ако судам, Мојот суд е справедлив, бидејќи тоа не го правам Сам, туку заедно со Таткото што Ме испрати.

17. Во вашиот Закон стои запишано дека сведоштвото од двајца се смета за веродостојно.

18. Јас сведочам за Себе и Мојот Татко што Ме испрати сведочи за Мене.“

19. Тогаш тие Го прашаа: „Каде е Твојот Татко?“ Исус им одговори: „Ниту Мене Ме познавате, ниту Мојот Татко Го познавате! Кога би Ме знаеле Мене, би Го знаеле и Мојот Татко!“

20. Овие зборови Тој ги кажа кај ризницата, додека поучуваше во храмот и никој не Го уапси, зашто се уште не беше дошол Неговиот час.

Јован 8