Јован 8:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус отиде на Маслиновата Гора.

2. Следното утро, Тој повторно дојде во храмот. Сиот народ доаѓаше кај Него, а Тој, седејќи, ги поучуваше.

3. Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде,

4. Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба.

5. Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“

6. Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата.

7. Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“

8. Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата.

9. Кога обвинителите го слушнаа тоа, еден по еден почнаа да си заминуваат, на чело со старешините, се додека не останаа само Исус и жената, која стоеше на средината.

Јован 8