Јован 8:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус отиде на Маслиновата Гора.

2. Следното утро, Тој повторно дојде во храмот. Сиот народ доаѓаше кај Него, а Тој, седејќи, ги поучуваше.

3. Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде,

4. Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба.

5. Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“

6. Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата.

Јован 8