Јован 7:8-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Одете вие на празникот. За Мене се уште не е погоден моментот да тргнам на овој празник во Ерусалим.“

9. Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.

10. А кога Неговите браќа заминаа на празникот, тогаш и Исус се искачи во Ерусалим, но не јавно, туку скришно.

11. Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“

12. Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“

13. Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.

14. Кон средината на празникот, Исус се искачи во храмот и почна да поучува.

15. Тогаш еврејските верски водачи се зачудија и рекоа: „Од каде Му на Овој Човек такво знаење, кога никогаш не се школувал!?“

16. Исус, пак, им одговори: „Тоа што го проповедам не сум го измислил Јас, туку произлегува од Бога, Кој Ме испрати.

Јован 7