38. Како што вели Светото Писмо: „Реки животодавна вода ќе потечат од срцето на оној што верува во Мене!“
39. (Исус ова го рече за Светиот Дух, Кого имаше намера да им Го даде на оние кои поверуваа во Него. Светиот Дух се уште не му беше даден никому, бидејќи Исус се уште не беше целосно прославен.)
40. Кога народот го слушнаа ова, некои од нив рекоа: „Овој мора да е претскажаниот Пророк!“
41. Други велеа: „Овој е Месијата!“ Но останатите говореа: „Зар од Галилеја ќе дојде Месијата!?
42. Зарем Светото Писмо не вели дека Месијата ќе дојде од поколението на Давид и од родниот град на Давид?“
43. Така настана поделба меѓу луѓето во однос на Исус.
44. Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.
45. Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“
46. „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.
47. Фарисеите, пак, им рекоа: „Да не се прелажавте и вие?
48. Не гледате ли дека никој од старешините и од фарисеите не верува во Него!?
49. Но овој проклет народ, кој не го знае Мојсеевиот Закон, се заведува по Него!“
50. Меѓу фарисеите беше и Никодим, кој порано беше Го посетил Исуса; тој им рече:
51. „Нашиот закон не дозволува некој да биде осуден, без претходно да биде сослушан и да се дознае што направил!“
52. Тие, пак, му одговорија: „И ти ли си од Галилеја!? Проучи ги светите писма и увери се дека никаков пророк нема да дојде од Галилеја!“