11. Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“
12. Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“
13. Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.
14. Кон средината на празникот, Исус се искачи во храмот и почна да поучува.
15. Тогаш еврејските верски водачи се зачудија и рекоа: „Од каде Му на Овој Човек такво знаење, кога никогаш не се школувал!?“
16. Исус, пак, им одговори: „Тоа што го проповедам не сум го измислил Јас, туку произлегува од Бога, Кој Ме испрати.
17. Тој што сака да ја извршува Божјата волја, ќе знае дали ова учење е од Бога, или Јас во Свое име зборувам.
18. Тој што зборува во свое име се обидува себеси да се прослави. Човекот, пак, што настојува да го прослави Оној што Го испратил, е чесен и во Него нема неправда.