55. Моето тело е вистинска храна и Мојата крв е вистинска напивка.
56. Кој се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57. Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене.
58. Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“
59. Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
60. Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“
61. Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!?
62. А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!?
63. Духот е Тој што дава живот, а не човечкото тело. Зборовите што ви ги кажав се од тој животодавен Дух.
64. Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде.
65. Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“