47. Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот.
48. Јас сум животодавниот Леб.
49. Вашите предци јадеа мана во пустината, но потоа умреа.
50. Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре.
51. Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“
52. Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“
53. Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе!
54. Оној што се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам.
55. Моето тело е вистинска храна и Мојата крв е вистинска напивка.
56. Кој се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57. Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене.
58. Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“
59. Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
60. Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“