Јован 6:41-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

41. Тогаш Евреите почнаа незадоволно да мрморат против Исус, затоа што рече: „Јас сум Лебот што слезе од небото!“

42. Говореа: „Зар Овој не е Исус, синот на Јосиф, и зар не ги познаваме татко Му и мајка Му!? Како може да вели дека Тој слегол од небото!?“

43. Исус им одговори: „Не мрморете помеѓу себе!

44. Никој не може да дојде кај Мене, ако небесниот Татко, Кој Ме прати, не го привлече; а на крајот, Јас ќе го воскреснам за вечен живот!

45. Во пророчките книги на Светото Писмо стои запишано: ,Бог ќе ги научи сите‘. Секој што Го слуша небесниот Татко и учи од Него, доаѓа кај Мене.

46. Тоа не значи дека некој Го видел Бог, освен Оној Кој потекнува од Бога. Само Тој го видел Таткото.

47. Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот.

48. Јас сум животодавниот Леб.

Јован 6