Јован 6:39-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот.

40. Волјата на Мојот небесен Татко е: секој што го гледа Синот и верува во Него, да има вечен живот и на крајот Јас да го воскреснам.“

41. Тогаш Евреите почнаа незадоволно да мрморат против Исус, затоа што рече: „Јас сум Лебот што слезе од небото!“

42. Говореа: „Зар Овој не е Исус, синот на Јосиф, и зар не ги познаваме татко Му и мајка Му!? Како може да вели дека Тој слегол од небото!?“

43. Исус им одговори: „Не мрморете помеѓу себе!

44. Никој не може да дојде кај Мене, ако небесниот Татко, Кој Ме прати, не го привлече; а на крајот, Јас ќе го воскреснам за вечен живот!

45. Во пророчките книги на Светото Писмо стои запишано: ,Бог ќе ги научи сите‘. Секој што Го слуша небесниот Татко и учи од Него, доаѓа кај Мене.

Јован 6