Јован 6:29-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Исус им одговори: „Бог бара од вас да верувате во Оној што Тој Го прати.“

30. Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш?

31. Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“

32. Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото.

33. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“

Јован 6