Јован 6:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско Море).

2. Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните.

3. Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици.

4. Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.

5. Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“

6. Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави.

7. „За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии!“ - одговори Филип.

Јован 6