1. Штом Исус дозна дека фарисеите слушнале оти Тој придобива и крштава повеќе ученици од Јован Крстител,
2. (иако самиот Исус не крштаваше, туку Неговите ученици),
3. Тој ја напушти Јудеја и се врати во Галилеја.
4. Мораше да помине низ Самарија.
5. Така Тој дојде до самарискиот град Сихар, близу до местото кое Јаков му го беше дал на својот син Јосиф.
6. Таму беше бунарот на Јаков. Исус седна крај бунарот, зашто беше уморен од патувањето. Беше околу пладне.
7. Една жена од Самарјанците дојде, за да си нацрпи вода. „Дај ми малку вода да се напијам!“ - и рече Исус.