Јован 3:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“

5. Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!

6. Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.

7. Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘

Јован 3