4. „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“
5. Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!
6. Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.
7. Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘
8. Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“
9. „Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим.
10. Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!?
11. Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате.
12. Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!?
13. Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото.