Јован 3:29-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Невестата ќе оди таму каде што е Mладоженецот, а пријателот на Mладоженецот, кој стои и слуша, од се срце се радува што го слуша гласот на Mладоженецот. Мојата радост на тој начин се исполни.

30. Тој мора да напредува, а јас да се намалувам.“

31. Најголем од сите е Оној што доаѓа одозгора. Оној што е од Земјата, пак, и припаѓа на Земјата и зборува за земни работи. Најголем од сите е Оној што доаѓа од небото.

32. Тој сведочи за она што го видел и слушнал, но малкумина го прифаќаат Неговото сведоштво.

Јован 3