19. Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли.
20. Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови.
21. Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“
22. По ова, Исус и Неговите ученици заминаа од Ерусалим, но останаа во покраината Јудеја, каде што Исус помина извесно време со нив и крштаваше.
23. Јован исто така крштаваше во Енон, близу до Шалем, зашто таму имаше многу вода. Луѓето доаѓаа и беа крштавани.
24. Тоа беше пред Јован да биде фрлен в затвор.
25. Тогаш се разви една расправа меѓу Јовановите ученици и еден Евреин околу обредното миење.
26. Тие дојдоа кај Јован и му рекоа: „Раби, Оној Човек што беше со тебе од другата страна на реката Јордан за Кого ти посведочи дека е Месијата - ете, Тој крштава и сите одат кај Него!“
27. Јован им одговори: „Човек не може да врши никаква мисија, ако не му е дадено од небото.