Јован 2:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Исус им одговори: „Разурнете го овој храм и Јас за три дена ќе го подигнам!“

20. Тогаш еврејските водачи Му рекоа: „Овој храм бил граден четириесет и шест години, а Ти би го подигнал за три дена!?“

21. Но, Тој им зборуваше за Своето тело како храм.

22. Затоа, кога воскресна од мртвите, Неговите ученици си спомнаа на тоа што го рече, па поверуваа во Светото Писмо и во зборовите на Исус.

Јован 2