Јован 2:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. По тој повод, еврејските верски водачи Му се обратија со прашањето: „Со каков чудотворен знак ќе ни докажеш дека имаш овластување да го правиш ова?“

19. Исус им одговори: „Разурнете го овој храм и Јас за три дена ќе го подигнам!“

20. Тогаш еврејските водачи Му рекоа: „Овој храм бил граден четириесет и шест години, а Ти би го подигнал за три дена!?“

21. Но, Тој им зборуваше за Своето тело како храм.

Јован 2