Јован 19:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Кога го слушна ова, Пилат сакаше да Го ослободи, но Евреите упорно викаа: „Ако го пуштиш овој човек - не си му пријател на римскиот цар! Секој што себеси се прогласува за цар, се бунтува против римскиот цар!“

13. Кога Пилат го слушна тоа, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот престол, на местото наречено Плочник (на хебрејски: Габата).

14. Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха.

15. Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“ “Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.

Јован 19