7. Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал,
8. зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати.
9. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои.
10. Се што имам Јас е Твое, и се што имаш Ти е Мое; тие ќе ми донесат слава.
11. Свети Татко! Јас повеќе не сум во светот, зашто се враќам кај Тебе, но тие остануваат во светот. Зачувај ги преку силата на Своето име што Ти ми го даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно.