Јован 17:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака.

7. Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал,

8. зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати.

9. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои.

Јован 17