22. Јас им ја дадов истата слава што Ти ми ја даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно.
23. Јас сум во нив, а Ти си во Мене; така и тие да бидат во целосно единство и светот да сфати дека Ти Ме испрати и дека ги сакаш Моите следбеници исто како што Ме сакаш Мене.
24. Татко, сакам да бидат таму со Мене сите што Ми ги имаш дадено, за да ја гледаат Мојата слава, што ми ја даде Ти, зашто Ме засака уште пред да биде создаден светот!
25. Праведен Татко! Светот Тебе не Те познава, но Јас Те познавам, а Моите следбеници сфатија дека Ти Ме испрати.
26. Јас им објавив за Тебе и ќе продолжам да Те објавувам. Тогаш љубовта што ја имаш Ти спрема Мене ќе стане дел од нив и Јас ќе бидам во единство со нив.“