1. Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли: ”Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе;
2. зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено.
3. А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘.
4. Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери.
5. А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот.