Јован 16:10-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате.

11. Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.

12. Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете.

13. Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината.

14. Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака.

15. Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“

Јован 16