Јован 15:24-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко.

25. Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘.

26. Кога ќе дојде Помошникот - Духот на вистината, Кој произлегува од Таткото и Кого Јас ќе ви го пратам од Таткото - Тој ќе ја објавува вистината за Мене.

27. А и вие ќе ја објавувате вистината за Мене, затоа што од почеток сте со Мене.“

Јован 15